Нуруосманлиска џамија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нуруосманлиска џамијаmap
Remove ads

Нуруосманлиската џамија (турски: Nuruosmaniye Camii) — османлиска џамија која се наоѓа во реонот на Фатих во Истанбул, Турција.

Кратки факти Нуруосманлиска џамијаNuruosmaniye Camii, Религија ...
Remove ads

Архитектура

Нуруосманлиската џамија се смета за еден од најдобрите примери на османлиската архитектура која била изградена во стил на барок. Џамијата се наоѓа во близина на Големата чаршија, Столбот на Константин и џамијата Атик Али Паша. Нејзини архитекти се Мустафа Ага и Симон Калфа.

Нејзината изградба започнала во времето на султанот Махмуд I во 1748 година а завршила во времето на неговиот брат и наследник Осман III во 1755 година. Архитектите при изградбата освен што користеле барокни елементи, тие исто така ја изоставиле и традиционалната фонтана (турски: шадирван).

Молитвената сала се состои од купола со пречник од 25 метри, има две минариња со две тераси. Висината на куполата е 43,50 метри од нивото на подот. Целиот комплекс (кулије) содржи турбе, медреса, имарет и библиотека со вкупно 7,600 тома од кои 5000 се ракописи.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

41.010234°N 28.970540°E / 41.010234; 28.970540

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads