На север се граничи со државите Пуебла и Веракрус, на запад со Гереро, на исток со Чијапас, додека на југ е Тихи Океан. Површината на државата е 94.000 км2 и има 4 милиони жители.
Истоимениот главен град Оахака де Хуарез (Oaxaca de Juárez) има 259.600 жители и познат е познат по својата колонијална архитектура. Уделот на индијанското население е висок, а во најголем дел се работи за заедниците Запотеци, Микстеци и Мазатеци.
Најпознати остатоци од градови од периодот пред доаѓањето на Европејците се Монте Албан и Митла. Шпанците го зазеле ова подрачје во 1521 година. Држава Оахака била создадена во 1823 година.
Како еден од посиромашните делови на Мексико, државата Оахака е центар на социјални и движења на домородците, чести се протестите и демонстрациите.