Обединети патриоти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обединети патриоти (бугарски: Обединени патриоти) е националистичка коалиција во Бугарија на политичките партии ВМРО - Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Национален фронт за спасење на Бугарија (НФСБ) и Атака.
Remove ads
Историја
Коалицијата е формирана со договорот за заедничка кандидатура на трите партии за претседателските избори во 2016 година. На 28 јули 2016 година иницијативен комитет на организациите сака Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД за кандидат за претседател, а за негов потпретседател е предложен Јавор Нотев од Атака.[2][3][4] Двојката добива поддршката на Патриотскиот фронт (НФСБ и ВМРО) и Атака.[5][6] На 30 септември 2016 година тие се регистрираат во ЦИК (Централна изборна комисија) како "Обединети патриоти - НФСБ, Атака и ВМРО".[7] Во 43 бугарски парламент коалицијата има вкупно 33 места - ВМРО-БНД (8), НФСБ (9), Атака (11), Народен сојуз (5).
На 4 мај 2017 г. Красимир Каракачанов е избран за министер за одбраната на Бугарија.
Remove ads
Политички позиции
Главните приоритети на коалицијата са: социјално пазарно стопанство, справување со имигрантската инвазија, независност на надворешната политика, борба против монополите, безбедност, производство, едукација и духовност.
Официјален состав
- ВМРО - Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), со водач Красимир Каракачанов
- Национален фронт за спасење на Бугарија (НФСБ), со водач Валери Симеонов
- Атака, со водач Волен Сидеров
- Средна европска класа (СЕК), со водач Георги Манев
- Сојуз на патриотските сили "Заштита", со водач доц. д-р Јордан Величков
"Обединети патриоти" добива поддршка од следниве партии и организации:
- Националното движење "БГ патриот"[8], со водач Петар Харалампиев
- Национално здружение на резервизткото војнство "За честа на паго", со водач о.з. ген.-лейт. Петар Илиев
Избори
Претседателски 2016
Првото учество на коалицијата на избори е на претседателските избори во 2016 година. Красимир Каракачанов заработува 573 016 гласа или 14,97%, како се рангира на третото место.[9]
Парламентарни 2017
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads