Обедничица

река во Југозападна Македонија, десна притока на Црна Река From Wikipedia, the free encyclopedia

Обедничицаmap
Remove ads

Обедничица, позната и како Стара Рекарека во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река.

Кратки факти Обедничица, Местоположба ...
Remove ads
Remove ads

Течение

Thumb
Уреденото корито на реката во селото Обедник

Течението на реката е меѓу планините Бигла и Орман, а неа ја образуваат реките Смилевска (со должина од 4,4 км) и Стара Смилевска (со должина од 3,8 км), кои извираат на надморска височина од околу 1.460 м. Водите на овие реки се влеваат една во друга под селото Смилево, со што реката понатаму продолжува да тече како Обедничица. По своето течение, таа поминува низ селата Обедник и Граиште. Нејзини леви притоки се Длабок Дол и Сува Река, а десна притока е Суводолска Река (со должина од 7,6 км). Во Црна Река се влева од нејзината десна страна, на надморска височина од 624 м.[1]

Remove ads

Хидрографија

Обедничица е долга 19 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 87 км2 Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.460 м, додека при вливот во Црна Река е 624 м, со што релативниот пад изнесува 37,7‰.[1]

Во рамничарскиот дел од течението на реката има алувијални почви кои се со длабок физиолошки активен слој, поволен механички состав, водно-воздушен режим и релативно поволни хемиски својства.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads