Обични луѓе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обични Луѓе е третата хрватска теленовела или драмска серија, која со прикажување во Хрватска како и кај нас почна кон крајот на 2006 година. Оваа серија имаше огормен успех во Балканот. Серијата е сместена во Загреб во сегашно време, приказна за три сестри чија мајка ги оставила кога тие биле мали. Обични Луѓе е серија на хрватската продуцентска куќа, Ава Продукција. Серијата кај нас се емитуваше на Канал 5 Телевизија.
Remove ads
Синопсис
Драмската серија Обилни Луѓе е урбана приказна која го следи животот на трите сестри и нивните родители, глумци, од кои секој има различен животен пат. На различен начин, во нивните животи и луѓето кои ги опкружуваат, се појавуваат и нивните фрустрации од детството: заминувањето на нивната мајка Каролина Кинцл кога Вања (најстарата) имала 11 год, Матија (средната) 7год, а Саша (најмладата) била 3 г. Приказната го следи животот во моменто која секоја од нив има свој живот. После заминувањето на Каролина, Вања ја преземала улогата на мајка во фамилијата, која сега живее среќно со нејзиното момче и има отворено сопствен ресторан заедно со својата најдобра пријателка. Најемотивната сестра Матија, е во брак со Лука Драган, синот на Анте Драган, еден од најуспешните стопанственици во Хрватска. Лука, како и неговиот брат Павле работат во фирмата на нивниот татко во Авто салонот Драган. Паралено го следиме животот и на таа херцеговска фамилија. Најмладата сестра Саша, дипломирала на Медицинскиот факлутет каде и почнала да работи во загрепска болница. Во моментот на почетокот на приказната, Каролина, добива голема глумска шанса: улога на жена на својот бивш сопруг и таткото на трите сестри, Ивица во обновената серија која него му донела слава...
Remove ads
Улоги
Обични Луѓе на Балканот
Македонија: Канал 5 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ
Црна Гора: Пинк М
Надворешни врски
- Официјално мрежно место Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Семрежна филмска база на податоци
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads