Обработувачки регистар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обработувачките регистри се мали единици во обработувачот за сместување на податоц во форма на битови, кон коишто обработувачот може да пристапи најбрзо во однос на било која друга меморија. Повеќето модерни компјутери работаат на принципот на преместување на податоците од компјутерската меморија во регистрите па повторно враќање назад кон меморијата. Значи тие се основните единици што ги користи обработувачот при извршувањето на својата работа.
Со напредокот во обработувачката технологија имаме и зголемување на регистрите така што денешните регистри содржат 64-битни информации.
Remove ads
Поделба на обработувачките регистри
Според нивната употреба или нивните одлики има многу различни поделби па ќе ги споменеме поважните:
- Корисничко-пристапни регистри - како што кажува самото име до овие регистри има пристап секој корисник и најчесто се адресни или податочни регистри
- Податочни регистри - се регистрите коишто служат за чување на податоци. Посебен регистер е акумулаторот кој служи и за аритметичко-логички операции со податоците.
- Адресни регистри - се регистрите за зачувување на адреси со кои може директно да се пристапи кон меморијата.
- Специјален случај на адресен регистер е "stack" покажувачот, кој покажува кон податочна структура од типот "stack" каде се чуваат податоци потребни при работата на обработувачот.
- Регистри за општа употреба - се регистрите коишто имаат комбирана употреба за зачувување на адреси или пак за чување податоци.
- Контролно-статусни регистри - се регистрите кои служат за зачувување на некои команди или пак отчитување на статус на некои компоненти кои се потребни при работата на обработувачот.
- Регистри со специјална намена - се регистрите коишто имаат посебна намена како Инструкцискиот регистер кој ги зачувува инструкциите кои се вршат во моментот и Програмскиот бројач кој го содржи бројот на извршени команди
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads