Овамбоанци

јужноафриканска етничка група From Wikipedia, the free encyclopedia

Овамбоанци
Remove ads

Овамбо или Овамбоанци, а познати и како Авамбо, Амбо или Овавамбојужноафрикански банту-народ. Овамбоанците се најголема етничка група во Намибија. Народот исто така живее и во покраината Кунене во Ангола.[3][4] Во Намибија околу 50% од вкупното население на државата се Овамбоанци,[1] а во Ангола се малцинство и се околу 2% од вкупното население на Ангола.[5]

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...

Овамбоанците мигрирале во јужните предели на Намибија од првичната населена област во регионот околу реката Замбези во 14 век. Современото овамбаоанско население брои околу 1,6 милиони луѓе и претежно се Христијани.[6] Мајчин јазик на Овамбоанците е овамбоанскиот јазик, јазик кој припаѓа на јужната подгрупа на нигер-конгоанските јазици.[7]

Remove ads

Подрачје

Овамбоанците живеат во северните предели на Намибија, но и во покраината Кунене во Ангола. Оваа територија понекогаш се именува како Овамболенд.[6] Оваа област е релативно рамна, без карпи, со ниска вегетација и со релативно повисока надморска височина.[8]

Во северните делови на Овамболанд има тропска вегетација, каде има обилни сезонски врнежи кога регионот се поплавува и се формираат привремени езерца и острови. За време на сушниот период овие водени површини се исушуваат. Така, луѓето се адаптирале на ваквите временски услови.[9]

Remove ads

Религија

Овамбоанците денес се претежно Христијани, поточно лутеранци. Христијанството во Овамболанд пристигнало во 19 век. Првите христјански мисионери биле од Финското мисионерско друштво и дошле во регионот во 1870 година. Така, Овамбоанците го прифатиле Лутеранството. Влијанието на Финското друштво не било само врз религијата, туку и врз културните навики. Така на пример денешниот стил на облекување на жените со марами и долги фустани потекнува од стилот на облекување на финските мисионери од 19 век.[10]

Помалку од 3% од Овамбоанците се следбеници на традиционалната овамбоанска вера. Според традиционалната вера, врховен бог или дух е „Калунга“. Нивните ритуали се сконцентрурани околу свет оган, ритуали слични на останатите африкански религии.[6][11] Калунга ги создал првите маж и жена, кои пак имале една ќерка и два сина. Овамбоанците се потомци на ќерката, според традиционалните митолошки верувања.[12]

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads