Овчар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Овчар
Remove ads

Овчар, книжевно пастир или народно чобан — лице што се грижи, храни или чува стада овци.[1][2][3] Овчарството е едно од најстарите занимања во светот, постои во сите делови на Земјината топка и е важен дел од сточарството. Поради сеприсутноста на занимањето, многу вероисповеди и култури имаат симболични или метафорични упатувања за занимањето овчар. На пример, Исус се нарекувал себеси „Добриот Овчар“, и старогрчките митологии ги истакнувале овчарите како Ендимион и Дафнис. Оваа симболика и овчарите како ликови се во средината на овчарската книжевност и уметност.[4]

Thumb
Овчар во Романија
Remove ads

Овчарите како тема во уметноста и во популарната култура

Во народното творештво

  • „Мрзливиот овчар“ - македонска народна приказна.[5]
  • „Овчарот и владиката“ - македонска народна приказна.[6]
  • „Стадо силно стадо“ - македонска народна песна.[7]
  • „Ор Стојане стар чобане“ - македонска народна песна.[8]
  • „Овчар ми свирит над село“ - македонска народна песна.[9]
  • „Овци паса“ - македонска народна песна.[10]
  • „Овчар по брег оди“ - македонска народна песна.[11]
  • „Седнал ми овчар безгрижно“ - македонска народна песна.[12]
  • „Ој овчаре, млад чобане“ - македонска народна песна.[13]
  • „За овчарот кој го разбирал јазикот на животните“ – полска народна приказна.[14]
  • „Кралот Матија и овчарот кој ја зборува вистината“ - унгарска народна приказна.[15]
  • „Ѕвездоокиот овчар“ - унгарска народна приказна.[16]
  • „Изедениот овчар“ (српски: Изједен овчар) - српска народна песна.[17]
  • „Мојсеј и пастирот“ - суфиска приказна.[18]
  • „Кралот и овчарот“ (српски: Краљ и чобанин) - српска народна приказна.[19][20]

Во книжевноста

  • „Волкот и овчарите“ – басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[21]
  • „Иберискиот овчар“ – роман на Бернардо де ла Вега од 1591 година.[22]
  • Нимфите и овчарите од Енарес“ – роман на Бернардо Гонсалес де Бобадилја од 1587 година.[23]
  • Овчарот Фидо“ – книга на италијанскиот писател Џовани Батиста Гварини од 1590 година.[24]
  • „Чобанчиња“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.[25]
  • „Малите овчарчиња“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.[26]
  • „Ноќната песна на еден овчар-скитник во Азија“ (италијански: Canto notturno di un pastore errante dell' Asia) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829-1830 година.[27]
  • Овчарот од Филида“ – книга на Луис Галвес де Монталво.[24]
  • „На дедо Димовото бачило“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[28]
  • „Чудотворен кавал“ — расказ на Ванчо Николески.[29]
  • „Овчарчето Тасе“ — расказ на Ванчо Николески.[30]
  • „Крстот на овчарот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[31]
  • „Овчарче“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[32]

Во филмот

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads