Овчарска Пештера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Овчарска Пештера претставува пештера сместена во непосредна близина на поречкото село Слатина. Таа се наоѓа во непосредна близина на пештерите Горна Слатинска и Слатинска II. Влезот на пештерата е на надморска височина од 580 м и експониран кон северозапад. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост.

Кратки факти Овчарска Пештера, Место ...

Надворешните температурни влијанија се особено изразени во влезниот дел на пештерата како резултат на димензиите на влезот. Кај пониското ниво има константна температура од 12 °C што значи дека ова ниво не е под влијание на надворешните температури. Во поглед на рецентната фауната, таа е многу слична кај трите Слатински пештери. Троглофилите се претставени со Lithobius sp., а троглоксените со Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp. Оваа пештера е интересна и по пронајдениот материјал од керамика и коски, на двете нивоа (т. 9 на повисоко ниво и каналот 17C - 20C на пониско ниво).[1]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads