Огре

град во Латвија From Wikipedia, the free encyclopedia

Огреmap
Remove ads

Огре (латвиски: Ogre; германски: Oger; литвански: Uogrė) — град во општината Огре на областа Виѕеме во Латвија. Се наоѓа на 36 км источно од Рига, на утоката на реките Даугава и Огре. Во 2023 г. населението броело 22.884 жители.[2]

Кратки факти Огре Ogre, Земја ...

Градот е сочинет од три дела: Јауногре (со значење „Ново Огре“), Огре (центарот) и Парогре (со значење „Преку [реката] Огре“). Наречен е по реката Огре. За првпат се споменува како село „Огер“ на германски во 1206 г. Во 1861 г. кога е изградена железницата РигаДаугавпилс тука жителите на Рига почнале да градат летниковци. Во 1862 г. Огре станал лекувалиште. Огре е прогласено за град во 1928 г.

Грбот е донесен во 1938 г. и на него е прикажана реката и боровата шума околу местото.

Во градот има дом на културата, ликовно и музичко училиште. Има три училишта на латвиски и едно на руски во Јауногре.

Во градот има и гробишта на германските војници загинати во двете светски војни и во заробеништво помеѓу 1944 и 1951 г.

Remove ads

Спортови

Најпопуларни спортови во градот се хокејот на мраз, кошарката и ракометот.

ФК „Огре“ е главен фудбалски клуб во градот и игра во првата лига на Латвија.

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads