Одржливост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Одржливоста во општа смисла е способноста да се поддржи, одржи или издржи. Од 1980-тите години човековата одржливост е поврзана со интеграцијата на еколошки, економски и општествени мерки кон глобалното управување и одговорното раководење со ресурсите. Во екологијата, одржливоста опишува како биолошките системи остануваат разновидни, стабилни и продуктивни со текот на времето, неопходен предуслов за доброто на луѓето и на другите организми. Долговечните и здрави мочуришта и шуми се примери за одржливи биолошки системи. Одржливите екосистеми и средини овозможуваат важни ресурси и процеси (познати како „услуги на екосистемот”).
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Постојат два главни начини за управување на човековото влијание врз услугите на екосистемот. Еден приод е управувањето со животната средина. Овој приод е заснован главно врз основа на информациите добиени од специјалистите за земни науки, од специјалистите за животната средината како и од специјалистите за заштитна биологија. Друг приод е управување со потрошувачката на ресурси, кој главно е заснован врз основа на информации добиени од специјалистите по економија. Човековата одржливост се поврзува со економијата преку трговските последици од економската активност. Движењето кон одржливоста (или применета одржливост) додека квалитетот на живот се одржува на високо ниво е социјален предизвик, кој меѓу другото, повлекува меѓународно и државно право, урбанистичко планирање и транспорт, локален и поединечен начин на живот и етичка потрошувачка. Методите за одржливо живеење може да заземат многу облици, од уредување на условите за живеење (на пример еко села, еко општини, одржливи градови) до преиспитување на работните практики (на пример со користење на пермакултура, зелени градби, обновливо земјоделство), или развивање и применување на нови технологии кои ќе ја намалат потрошувачката на ресурсите како што се технологиите за обновлива енергија.
Remove ads
Дефиниција
Зборот одржливост потекнува од латинскиот збор sustinere (tenere, да држи; sus, горе). Речниците нудат повеќе од десет значења за зборот одржување, главните се “поддршка” или “издржливост”. Како и да е, од 1980-тите години одржливоста повеќе се користела во смисла на човековата одржливост на планетата Земја, и ова резултирало во најмногу користената дефиниција за одржливост како дел од концептот за одржлив развој, кој од Брунтланд Комисијата на ОН на 20 март 1987 година бил дефиниран како: "Одржлив развој е развој што ги задоволува потребите на сегашноста, без да ја компромитира можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби." На Светскиот самит за социјален развој во 2005 година било истакнато дека е потребно усогласување на заштитата на животната средина, социјалната еднаквост и економските барања – “трите столбови” на одржливоста. Ова гледиште било изразено како илустрација со користење на три елипси кои се преклопувале, кои укажувале дека трите столбови на одржливоста меѓусебно не се исклучуваат и може меѓусебно да се надополнат. Трите столбови служеле како заедничка основа за бројни системи за стандарди за одржливост и сертификација во последниве години, посебно во прехранбената индустрија. Стандарди кои денес експлицитно се однесуваат на тројната крајна линија вклучуваат Rainforest Alliance, Fairtrade и UTZ Certified. Тројната крајна линија исто така е призната и од ISEAL Alliance – глобалната асоцијација за социјални и еколошки стандарди.
Одржливиот развој како што е дефиниран од страна на ОН не е универзално прифатен и има претрпеno различни интерпретации. Што е одржливост, кои треба да бидат целите на одржливоста и како ќе се постигнат тие цели се прашања кои се отворени за интерпретација. За многу еколози “одржливиот развој” е оксиморон - бидејќи се чини дека развојот повлекува деградација на животната средина. Еколошкиот економист Херман Дали го поставил прашањето “каква е ползата од пилана ако не постои шума?” Од оваа гледна точка економијата е подсистем на човековото општество, кое и самото е подсистем на биосферата, и добивката во една област значи загуба во друга. Ова може да се илустрира со три концентрични круга, во кои економијата се третира како една од многуте области кои вклучуваат политика и култура.
Универзално прифатена дефиниција за одржливоста сè уште не постои, бидејќи треба да биде научна и поткрепена со факти, јасна изјава за една специфично „одредиште“. Едноставната дефиниција „одржливост е подобрување на квалитетот на човечкиот живот, сè додека се живее во рамки на капацитетот на поддршка на екосистемот“, иако нејасна, ја пренесува идејата дека одржливоста има квантитативни лимити. Но одржливоста исто така е повик за акција, задача во тек или “патување” а според тоа и политички процес, па некои дефиниции поставуваат заеднички цели и вредности. Повелбата на Земјата зборува за “одржливо глобално општество основано врз почит кон природата, универзалните човекови права, економската правда и култура на мир.”
Како дополнителна компликација, зборот одржливост не се користи само за човековата одржливост на Земјата, туку и за многу други ситуации и контексти, за многу мерки за простор и време, од мала локална па сè до глобална рамнотежа за производство и потрошувачка. Подразбира одговорно и проактивно донесување на одлуки и иновација која го минимизира негативното влијание и ја одржува рамнотежа меѓу социјалниот, еколошкиот и економскиот раст за да обезбеди посакувана планетата за сите живи суштества сега и во иднина. Исто така може да се однесува и само на некоја идна намера: “одржливото земјоделство” не се однесува неопходно само на моменталната состојба, туку и на целите за иднината, на предвидувањето. Поради сите овие причини, одржливоста се забележува во една крајност како ништо повеќе од обичен збор кој добро звучи, со мало значење и важност, а во друга крајност како значаен но ненасочен концепт како “слобода” или “правда”. Исто така овој поим се опишува како “дијалог на вредности кој пркоси на консензуална дефиниција”. Некои истражувачи и институции истакнале дека овие три димензии не се доволни за да се изрази сложеноста на сегашното општество и предложиле да се вклучи и културата во овој модел за развој. Една нова алтернатива на трите столба е концептот на кругови на одржливост. Овој концепт најпрво прашува зошто економијата се третира или како посебен дел од општеството (на вен дијаграмот со три круга) или како дел со централно значење за општеството (на дијаграмот со три круга). Второ, прашува зошто другите области се третираат како надворешни за економските фактори. Овој алтернативен пристап денес се користи од голем број на агенции, како што е програмата на ОН за Глобални Компактни Градови.
Remove ads
Историја на одржливоста
Историјата на одржливоста ги следи еколошките системи во кои доминирал човекот од најраната цивилизација па сè до денес. Оваа историја се одликува со зголемен регионален успех на одредено општество, придружено со кризи кои или биле решени и воделе кон одржливост, или не биле решени и воделе кон пад. Во раната човечка историја, употребата на оган и желбата за одредена храна веројатно го изменила природниот сотав во растителните и животинските заедници. Пред околу 8 000 до 10 000 години се појавиле аграрни општества кои во голема мера зависеле од животната средина и од создавањето на “структура на постојаност”. Западната индустриска револуција од XVIII и XIX век навлегла во огромниот потенцијал за примена на енергијата од фосилните горива. Јагленот се користел како гориво за сите ефикасни мотори, а подоцна и за производство на електрична енергија. Денешните санитарни системи и напредокот во медицината го заштитуваат бројното население од зарази. Во средината на 20 век, на еден собир на еколошко движење се посочило дека постојат последици по околината поврзани со многуте материјални бенифиции кои сега се уживаат. Кон крајот на 20 век, еколошките проблеми се зголемиле во глобални размери. Кризата за енергија од 1973 и 1979 го посочила нивото до кое глобалната заедница е зависна од необновливите извори на енергија. Во 21 век, постои зголемување на глобалната свест за заканата од ефектот на стаклена градина, предизвикана од човекот главно со сечење на шумите и согорувањето на фосилните горива.
Remove ads
Принципи и концепти
Филозофската и аналитичката рамка на одржливоста влијаат и се поврзуваат со многу различни дисциплини и области; пред неколку години се појавила гранка наречена наука за одржливоста. Науката за одржливоста сè уште не е самостојна гранка или независна дисциплина, но има тенденција да биде водена од проблеми и насочена кон донесувањето на одлуки.
Размер и контекст
Одржливоста се проучува и управува на многу различни нивоа ( нивоа или рамки на референца) за простор и време и во многу контексти од економско, еколошко и општествено уредување. Фокусот варира од вкупниот капацитет (одржливоста) на планетата Земја до одржливоста на економските сектори, екосистемите, земјите, општините, соседствата, домашните градини, личните животи, личните добра и услуги, професиите, начинот на живот , начините на однесување итн. Накратко, може да ги опфати сите биолошки и човечки функции или било кој дел од нив. Како што изјавил авторот и екологистот Даниел Боткин: “Гледаме пејзаж кој постојано е во движење, пејзаж кој постојано се менува низ времето и просторот.”
Потрошувачка - население, технологија, ресурси
Главен причинител за човековото влијание врз природните системи на Земјата е уништувањето на биофизичките ресурси, а особено уништувањето на екосистемите. Еколошкото влијание на заедницата или на човештвото како целина зависи и од населението и од влијанието на поединците, кои пак на сложен начин зависат од тоа какви ресурси се користат, дали тие ресурси се обновливи, и степенот на човековата активност во однос на носечкиот капацитет на екосистемите кои се засегнати. Внимателното управување со ресурсите може да се примени во многу области, од економските сектори како земјоделството, производството и индустријата, до работните организации, потрошувачката на домаќинствата и поединците и до барањата за ресурси за поединечни добра и услуги.
Еден од првите обиди математички да се изрази човековото влијание бил развиен во 1970-тите и е наречен IPAT формула. Оваа формулација се обидува да ја објасни човековата потрошувачката во однос на три компоненти: број на население, ниво на потрошувачка (што означува “изобилство”, иако примената е различна ) и влијанието по единица мерка од употребата на ресурси (што е наречено “технологија” бидејќи ова влијание зависи од применетата технологијата). Равенката е:
I = P × A × T Каде I = Еколошко влијание, P = Популација, A = Изобилство, T = Технологија
Remove ads
Мерење
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads