Окарина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Окарина – дувачки инструмент со долгнавест облик кој потсетува на птичја глава.[1]
Историјат
Окарината е позната ширум светот, од Латинска Америка до Кина. Во Европа ја донеле шпанските конквистадори како своевиден сувенир од Новиот Свет. Италијанецот Џузепе Донати ја направил модерната окарина.[1]
Топчеста окарина во Македонија
Во Македонија е пронајдена топчеста окарина со три отвори која датира од неолитскиот период и е стара околу 6000 години.[2]
Изработена е од теракота, била пронајдена во 1989 година на археолошкиот локалитет Мраморје, Чашка, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа.
Окарината и покрај староста е сè уште функционална и на неа може да се свири. Тоа го покажал македонскиот музичар Драган Даутовски.
Remove ads
Структура
Се изработува од печена глина или порцелан. Тонскиот опсег главно ѝ е октава. Со пребирање со прстите по дупчињата се добива саканиот тон.[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads