Ока (река)

река во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ока (река)
Remove ads

Ока (руски: Ока́) — река во средна Русија, најголема десна притока на Волга. Тече низ Орловската, Тулската, Калушката, Московската, Рјазањската, Владимирската и Нижегородската област. Долга е преку 1.500 км. Главниот град на Русија е наречен по нејзината притока Москва.

Кратки факти Земја, Градови ...
Thumb
Ока во Орел.
Remove ads

Име и историја

Според Макс Фасмер, името на реката доаѓа од готскиот поим аƕа и старогорногерманското aha (спор. лат. aqua), со значење „вода“ или „река“.[1] Олег Трубачов смета дека името е од балтичко потекло бидејќи западниот дел на сливот бил населен од балтичкото племе Гољади пред доаѓањето на Словените.

Во средниот век во поречието на Ока спротиводно од Таруса се простирале мали државички наречени „горни кнежевства“. Во 1221 г. владимирскиот кнез Јуриј II го основал Нижни Новгород со цел да го заштити вливот на Ока во Волга како стратешко место. Истиот подоцна прераснал во еден од најголемите градови во Русија. Во XV и XVI век во средното течение на Ока бил сместен Касимскиот Ханат, околу градот Касимов).

Ока и притоката Москва биле од исклучително стопанско значење за европска Русија сè до изградбата на железниците во средината на XIX век и Московскиот Канал (Москва - Волга) во 1930-тите, поврзувајќи ја престолнината Москва со реката Волга. Сообраќајот се одвивал бавно поради многуте свиоци на овие две реки. Пример за ова е холандскиот патописец Корнелис де Браун во 1703 г., кому му требале 10 дена од Москва до Нижни Новгород.[2] Низводната пловидба била уште побавна бидејќи пловилата морале да се влечат со бурлаци.[3]

Remove ads

Знаменитости

На реката има многу места од културно-историско значење како средновековните манастири на Муром, џамиите на Касимов, утврдените градови (кремли) на Коломна и Серпухов, спомен-куќите на Василиј Поленов и Сергеј Есенин, ископаните остатоци од Стар Рјазањ и Шуховската кула на Ока.

На левиот брег спроти градот Пушчино се наоѓа Приочко-терасниот биосферен резерват, познат како одгледувалиште на бизони.

Remove ads

Поголеми притоки

  • Орел
  • Угра
  • Жиздра
  • Упа
  • Протва
  • Нара
  • Москва
  • Пра
  • Осјотр
  • Проња
  • Пара
  • Мокша
  • Тјоша
  • Кљазма
  • Беспута

Градови на Ока

Thumb
Нижни Новгород
Муром
Касимов
Рјазањ
Коломна
Серпухов
Калуга
Бељов
Орел
МОСКВА
Градови на реката Ока
  • Орел
  • Бељов
  • Чекалин
  • Калуга
  • Алексин
  • Таруса
  • Серпухов
  • Ступино
  • Кашира
  • Протвино
  • Пушчино
  • Коломна
  • Рјазањ
  • Касимов
  • Муром
  • Павлово
  • Навашино
  • Горбатов
  • Ѕержинск
  • Нижни Новгород

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads