Околуѕвездена прашина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Околуѕвездена прашина — вселенска прашина околу една ѕвезда. Може да се јави во облик на сферна обвивка или насобирачки диск. Оваа прашина е одговорна за значително згаснување и обично е извор на инфрацрвен вишок кај ѕвездите што ја имаат. Кај некои развиени ѕвезди на асимптотската гранка на џинови, прашината се состои од силикатни издуви.[1] Според проучувањата, сè уште е неизвесно дали прашината е производ на кристален силикат или полицикличен ароматски јаглеводород.[2] However, recent observations revealed that ѕвезди од типот на Вега display broad silicate emission.[2] Предложено е дека составот на околуѕвездената прашина зависи од развојната фаза на ѕвездата, и е поврзана со промените во нејзината физичка состоба.[3]
Изучувањето на составот на оваа прашина се нарекува астронимералогија. Забележано е дека прашината околу старите ѕвезди содржи речиси чисти кристални силикати богати со магнезиум (форстерит и клиноенстатит), аморфни силикати, диопсид, спинел, оксиди (корунд и Fe0.9Mg0.1O), како и цврсти составници богати со јаглерод: (хидрогенирани) аморфни јаглероди, ароматични јаглеводороди и силициум карбид."[4]
Движењето на околуѕвездената прашина е условено од гравитацијата на ѕвездата и нејзиниот зрачен притисок.
Околуѕвездената прашина во Сончевиот Систем ја предизвикува појавата наречена зодијачка светлина.
Remove ads
Поврзано
- Насобирачки диск
- Околупланетарен диск
- Околуѕвездена обвивка
- Табиева Ѕвезда — необична затемнувачка ѕвезда
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads