Округот Оринџ (ТВ-серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Округот Оринџ (англиски: The O.C.) — американска тинејџерска драмска телевизиска серија која се емитуваше на FOX телевизијата во САД од 5 август 2003 до 22 февруари 2007, со емитувани целосни четири сезони. Серијата, создадена од Џош Шварц, ги обработува фиктивните животи на група тинејџери и нивните семејства живејќи во Њупорт Бич во Округот Оринџ, Калифорнија. Округот Оринџ се емитуваше во повеќе од 50 држави и важи за една од најпопуларните нови драми од 2003.[1] Округот Оринџ привлекува сигурни 9,7 милиони гледачи уште од самиот почеток за време на првата сезона, но гледаноста драстично опадннѕва во понатамошните сезони, поради што доаѓа до прекинување на серијата во почетокот на 2007, по 4 сезони и 92 епизоди, дури и покрај интернет петиција која собра над 700,000 потписи.[2]
- Статијата е за телевизиската серија на FOX. За местото од кое серијата го добила името, видете Округот Оринџ, Калифорнија. За други локации под името Округот Оринџ, видете Округот Оринџ.
Серијата се фокусира на животите на неколку тинејџери, меѓу кои и Рајан Атвуд, тинејџер од распаднато семејство, кој постојано запаѓа во неволји, кој е посвоен од богатите Сенди и Кирстен Коен. Рајан и неговиот сурогат-брат Сет, чудно и непопуларно момче на иста возраст со Рајан, се соочуваат со животните проблеми како непопуларни ученици во високо класното училиште во Округот Оринџ, Калифорнија. Овдека спаѓаат и нивните понекогаш полни со невољи, а секогаш драматични врски со Самер Робертс, Мариса Купер и од третата сезона натаму, Тејлор Таунсенд. Серијата исто така ја прикажува и мајката на Мариса, Џули Купер и за првите две сезони, нејзините (поранешни) сопрузи Џими Купер и арогантниот татко на Кирстен, Калеб Никол како и популарното момче Лук Вард, поранешното момче на Мариса и на почетокот непријател на Рајан и Сет. Серијата во еден момент се сосредоточува околу Кетлин Купер, сестрата на Мариса.
Remove ads
Прифатеност и влијание
Рејтинзи во САД
Сезонско рангирање (засновано на просечниот број на гледачи по епизода) на Округот Оринџ на FOX.
Иако серијата започна со високи рејтинзи, тие бавно се намалија. Секоја последователна сезона имаше помалку гледачи од претходната.

Прва сезона
Првата епизода на Округот Оринџ се здоби со 7,5 милиони гледачи кога првпат се емитуваше на 5 август 2003.[7] Рејтинзите пролжуваат да растат како што поминува сезоната, со 9.03 милиони гледачи за единаесеттата епизода.[8] Следната епизода беше најниско гледана епизода во првата сезона со само 6,9 милиони гледачи.[9]
Трета сезона
Целокупната публика на серијата остро опаѓа за време на третата сезона. Пример за ова опаѓање беше кога привлече 7.36 милиони гледачи[10] за епизодата емитувана на 9 март 2006, која се емитуваше по сепцијална епизода за резултатите од петтата сезона на Американски идол. Иако овие броеви беа мало подобрување за просекот на третата сезона, и поврати само 28% од публиката на Идол
Четврта сезона
Четвртата сезона на Округот Оринџ се соочи со цврста конкуреција зададена од Вовед во анатомија и Истрага на местото на злосторството во четвртоците во 21:00. За да ги зголеми рејтинзите, FOX лансира „Save The O.C.“ („Спасете го Округот Оринџ“) мрежно место, кој содржеше петиција која бараше потписи од гледачите кои сакаат да ја спасат серијата.
Покрај тоа што Округот Оринџ продолжи да страда од намалени рејтинзи за време на четвртата сезона, критичарите реагираа позитивно на квалитетот на серијата, бележејќи дека серијата успеала да стане „свежа“ и поблиска до квалитетот на првата сезона, исто така Шварц призна дека бил повеќе вклучен во пишувањето за време на втората сезона. Многу обожаватели, како и да е, ја критизираа серијата за отфрлање на популарниот лик Мариса Купер, и некои обожаватели го наведоа тоа како причина за опаѓање на рејтинзите за време четврата сезона.
Финалето на Округот Оринџ, насловено „Крајот не е блиску, овде е“, се здоби со бран од рејтинзи со цели 6.676 милиони гледачи, со највисока точна од 7,6 милиони гледачи. Ова е контрастно на претпоследната епизода на Округот Оринџ, насловена „Ноќта се движи“, која се здоби со само 3.63 милиони гледачи.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads