Омахеке
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Омахеке (Omaheke) е еден од четиринаесетте региони на Намибија. Административен центар на регионот е Гобабис. Регионот се наоѓа во источна Намибија и ја зафаќа пустината Калахари, односно намибискиот дел на пустината. Името потекнува од херерскиот и значи „песочен велд“.
Remove ads
Административна поделба
Регионот е составен од седум административни единици:[5] Херероланд (апертхајдскиот бантуленд) е дел од овој регион.[6]
- Аминиус
 - Епукиро
 - Гобабис
 - Калахари
 - Очинене
 - Очомбинде
 - Стајнхаузен
 
Инфраструктура
Економски, административен и културен центар на регионот е Гобабис. Градот има добра поврзаност со Виндхук, преку патишта и железница. Сите населени места во регионот се поврзани со Гобабис. Има добра инсфраструктура, како на пример полициски департман, две болници, клиника, образовни институции и сличо.
Демографија
Населението е претежно сточарско. Во регионот има 42 училишта со 18.365 ученици.[7]
Невработеноста во регионот за 2012 година била 34.1%.[8]
Според пописот од 2011, 43% од населението зборувале херерски јазик, 30% намански јазик и 8% африканс.[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
