Онон
река во Монголија и Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Онон (монголски: Онон гол, руски: Оно́н) — река во Монголија и Русија долга 818 км, со сливна површина од 94.010 км2. Извира во источните падини на венецот Хентиј. Тече низ Монголија во должина од 298 км. Потоа се спојува со реката Ингода и така ја образува Шилка. Реката претежно се напојува со топење на планинските снегови.[1]
Збирното течение на Онон, Шилка и Амур дава една од десетте најдолги реки во светот (818 км + 560 км + 2.874 км).
Remove ads
Во историјата
Горното течение на Онон е едно од подрачјата што се смета за родно место на Џингис Кан.
Книжевно-историографското дело „Тајната историја на Монголците“ (XIII век) вели:
„ | На светот дојде еден „Борте Чоно“ (синосив волк) кому судбината му беше од горе пишана. Жена му беше „Гуа Марал“ (убава срна). Го преминаа внатрешното море, и кога се залогорија кај изворот на реката Онон со поглед на Бурхан Халдун, го добија првородениот, наречен Бат Цаган. | “ |
Remove ads
Поврзано
- Делун Болдог — едно од претпоставените родни места на Џингис Кан
- Список на реки во Монголија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads