Онсе Калдас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Онсе Калдас СА, едноставно познат како Онсе Калдас, е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Манисалес, кој во моментов игра во Категорија Примера А. Тие ги играат нивните натпревари на стадионот Палогранде.
Тие беа изненадувачки победници на Копа Либертадорес во 2004 година, совладувајќи ја во финалето најтрофејната екипа во ова натпреварување Бока Хуниор, што главно се должи на одличните перформанси на Хуан Карлос Енао и Џон Вијафара. Балгодарение на тој успех тие се единствената екипа од Колумбија која триумфирала во Копа Либертадорес. Покрај тоа Онсе Калдас има освоено четири домашни првенствени титули:1950, 2003-I, 2009-I, 2010-II.
Клубот бил основан во 1961 година со спојувањето на Депортес Калдас и Депортиво Манисалес (исто така познат како Онсе Депортиво).[1]
Remove ads
Титули
- Колумбиско првенство (4) : 1950, 2003-I, 2009-I, 2010-II.
- Копа Либертадорес (1) : 2004.
- Интерконтинентален куп : 2004-вицешампиони; пораз од Порто 7-8 на пен. (0-0 регуларен дел)
Надворешни врски
![]() |
„Онсе Калдас“ на Ризницата ? |
- (англиски) (шпански) Официјално мрежно место
- Palogrande Stadium - World Stadiums Архивирано на 16 март 2008 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads