Опасни врски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Опасни врски
Remove ads

Опасни врски (француски: Les Liaisons dangereuses) — француски епистоларен роман напишан од Пјер Шодерло де Лакло, издаден во четири тома на 23 март 1782. Романот се смета за еден од најдобрите во француската книжевност, како поради својата форма и стил на пишување, така и поради важноста на приказната.

Кратки факти Автор, Изворен наслов ...

Се раскажува за перверзните игри на двајца благородници, кои на валкан начин се обложуваат да заведат млада девојка, да ја искористат и да ја отфрлат. Првичната одредба е дека романот раскажува приказна со морална поука, но според повеќемина, нагласокот е повеќе врз декаденцијата на француската аристократија кратко пред Француската револуција, фрлајќи светло врз перверзиите на стариот француски поредок.

Како епистоларен роман, книгата е целосно составена од писма, кои ги пишуваат ликовите меѓусебе. Писмата помеѓу Валмон и де Мертеј ја водат приказната, а писмата на споредните ликови откриваат детали кои го продлабочуваат заплетот. Романот е адаптиран неколкупати како на филм така и во театар, а постојат и осовременети верзии на романот.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads