Опинок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Опинок
Remove ads

Опинок (множ. опинци) — обувки од свинска, говедска или биволска кожа, со опути (кожени врвци). Поедноставниот тип, наменети за секојдневна употреба, селаните сами ги изработувале. Опинците наменети за децата се изработувале од свинска кожа. [1]

Thumb
Опинци од скопскиот регион - Музеј на Македонија

Опинците се традиционална македонска, српски, хрватска и бугарска обувка. Се носат и низ остатокот од Балканот. Тие се прават од кожа и немаат врвки, се одликуваат со издржливост и трајност, а обично (но не секогаш) имаат роголик завршеток. Самиот збор опинок води потекло од праиндоевропскиот јазик. Изработувачот на опинци е занаетчија, наречен опинчар.

Remove ads

Историја

Средновековните опинци се разликуваат од подоцнежните по тоа што немале врвови и не биле накрсно направени. Тие изгледале како гума во облик на чевел. Врвците биле додавани, но често се кинеле.

На гегиско наречје се наречени „опинга“, и се сметаат се традиционални чевли што ги носат Албанците во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Грција (од страна на Клефтите) и арберешките села во Италија.[2]

Најраните археолошки докази за опинците датираат од 5-4 век п.н.е., што укажува дека тие биле елемент во илирската култура.[3][4] Подоцнежните докази за нивната употреба во Албанија се очигледни во делата на иконографскиот сликар Онуфри од 16 век.[4]

Во 1610 година, Марино Бизи, венецијански патрициј во Далмација и надбискуп на Антивари, забележал дека мажите од Мирдита носеле опинци, направени од говедска кожа, изработени од нив самите.[5]

Занаетчиите од Делвински Санџак го држеле монополот во трговијата со опинци во Скадарски Вилает и Јанински Вилает сè до 1841 година, кога таа привилегија била укината со Танзиматските реформи.[6]

Remove ads

Галерија

Наводи

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads