Описна статистика - Типови податоци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Номинални податоци
Тука обележијето е чисто квалитативно. Можните исходи се зборови-имиња и истите се самите категории, односно класи при групирање. Со вакви податоци не можеме да правиме никакви математички операции.
Важно: Номинални податоци секогаш се групираат.
Пример Д-1: Анкетирани се 80 луѓе за нивниот омилен десерт (види Табела 17).
|
|
Табела 17: Резултати од анкета
Решение: Обележјето е „омилен десерт“ и можните исходи тука се {С, П, Т, О, Д}, односно {Сладолед, Палачинки, Торта, Овошје, Друго}. Јасно е дека се имиња. Тие се и самите класи при групирање. Значи, податоците се номинални и треба да се групираат по класи = имиња на десерт. Ја најдеме честотата на секој тип на десерт (проверувајќи дека честотите се собираат до N=80). Во Табела 18 е соодветната честотна табела.
Класите тука се имиња и не може математички да се работат ништо со нив. Меѓутоа, честотите се броеви и може да се пресмета процентот кој припаѓа во секоја класа, односно да се преметат т.н. релативни честоти.
Релативна честота = процент = f/N
Ја делиме честотата со вкупниот број на честотите, т.е. со големината на податоци N. Потоа, овој резултат го помножиме со 100% за да добиме процент.
Во пример Д-1, вкупниот број на честотите е N=80. Ја делиме секоја честота со N=80 за да ја добиеме релативна честотна табела (види Табела 19 ).
Симболот за честота е f, а симболот за релативна честота е f/N.
Класа |
честота f |
Релативна честота f/N(број) |
Релативна честота f/N % |
Сладолед |
28 |
28⁄80=0.35 |
0.35•100%=35% |
Палачинки |
20 |
20⁄80=0.25 |
0.25•100%=25% |
Торта |
20 |
22⁄80=0.25 |
0.25•100%=25% |
Овошје |
4 |
2⁄80=0.05 |
0.05•100%=5% |
Друго |
8 |
8⁄80=0.1 |
0.1•100%=10% |
Проверка |
Σf=80=N |
Σf/N =1 |
Σf/N =100% |
Табела 19: Релативна честотна табела
Релативна честотна табела може графички да се претстави со столбест или со секторски дијаграм како во Слика 16 и Слика 17. Забележете ги разликите помеѓу двата столбест дијаграми Слика 13 и Слика 16. Секторски дијаграм секогаш е релативна!
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads