Оплакување Христово (Џото)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оплакување Христово (Џото)
Remove ads

Оплакување Христовофреска насликана околу 1305 година од италијанскиот уметник Џото како дел од неговиот циклус на Животот на Христос на внатрешните ѕидови на капелата Скровењи во Падова, Италија.[1]

Кратки факти Творец, Година ...

Капелата Скровењи била изградена како приватна капела веднаш до манастирот Еремитани од богатото семејство Скровењи и осветена во 1305 година. Помеѓу 1304 и 1306 година, Џото ги украсил внатрешните ѕидови на капелата со низа фрески кои прикажуваат сцени од животот на Исус. Горните делови од ѕидовите, исто така, вклучуваат приказни за Јоаким и Ана, родителите на Богородица Марија. Фреските се сметаат за ремек-дела. И манастирот и капелата сега се дел од Граѓнски музеи на Падова.[2]

Џото е опишан како проторенесансен уметник, кој им претходи и го отвора патот на сликарите од раната ренесанса на Фиренца, разбивајќи го уметничкиот калап на византиското раздобје со воведување на натурализам и длабочина во неговите дела.

На сликата, телото на распнатиот Христос е спуштено од крстот и положено на земја, опкружено со неговата ужалена мајка и ученици. Неговата глава ја држи Марија, неговата мајка, а нозете Марија Магделена. Апостол Јован широко ги фрла рацете во очај. Десно, Никодим и Јосиф од Ариматеја чекаат да го подготват телото за положување во гроб.([3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads