Општа кралска тајландска транскрипција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општа кралска тајландска транскрипција (скрат. RTGS, од анг. Royal Thai General System of Transcription) — официјален систем за предавање на тајландските зборови со латиница во авторство на Кралскиот институт на Тајланд. Наоѓа употреба на патни знаци и во разни изданија на владата.
Овој систем е основа за македонската транскрипција на тајланскиот јазик, со извезни прилагодувања во склад со македонскиот гласови.
Remove ads
Особености
Еве некои позначајни особености на системот:
- користи исклучиво неизменети букви од латиницата; нема дијакритички знаци
- ги пишува сите самогласки и дифтонзи само со самогласни букви: ⟨a⟩, ⟨e⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩, ⟨u⟩
- поединечните букви ⟨a⟩, ⟨e⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩, ⟨u⟩ се прости самогласки со иста звучна вредност како оние на меѓународната фонетска азбука (МФА)
- диграмите со завршно ⟨e⟩ се прости самогласки, ⟨ae⟩, ⟨oe⟩, ⟨ue⟩ звучат како /ɛ, ɤ, ɯ/ (можеби се избрани поради сличноста со лигатурите на МФА: /æ, œ, ɯ/)
- диграмите со завршно ⟨a⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩ се дифтонзи, во МФА претставени со /a, j, w/
- согласките се исти како оние на МФА, освен:
- диграмите со ⟨h⟩ (⟨ph⟩, ⟨th⟩, ⟨kh⟩) се согласки со приздив (аспирација) /pʰ, tʰ, kʰ/, така претставени за да се разликуваат од посебните неприздивни согласки ⟨p⟩, ⟨t⟩, ⟨k⟩
- користи ⟨ng⟩ за /ŋ/ како англискиот
- користи ⟨ch⟩ за /tɕʰ/ и /tɕ/ како во шпанскиот
- користи ⟨y⟩ за /j/, како англискиот.
Транскрипцијата на согласките во завршна положба (рими) го следи изговорот, не тајландскиот правопис. Самогласките се транскрибираат во редоследот на нивиот изговор, а не како во тајландскиот правопис.
Remove ads
Табела
Транскрипцијата на согласките се разликува, зависно од нивната положба во слогот. Тирето („–“) во делот за самогласки ја означува релативната положба почетната согласка што ѝ принадлежи на самогласката.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads