Општина Маврови Анови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Маврови Анови — поранешна рурална општина во Западна Македонија, основана 1996 година, а укината со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во 2004 година, кога заедно со Општина Ростуша ја формирале својата Општина Маврово и Ростуше. Центар на општината било селото Маврови Анови.[1]
Општина Маврови Анови денес дел од Општина Маврово и Ростуше | |
| Грб | |
| Општи податоци | |
| Седиште | Маврови Анови |
| Демографија | |
| Население | 984 жит. |
| Населени места | |
| Самоуправа | |
| Контактни податоци | |


Remove ads
Местоположба
Општината се наоѓала во Западна Македонија, а граничела со општините Неготино - Полошко, Вруток, Долна Бањица, Зајас и Ростуше и државите Србија и Црна Гора на север и Албанија на запад.[1]
Населени места
Во општината се наоѓале следните населени места: Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Дуф, Жужње, Кичиница, Кракорница, Леуново, Маврови Анови, Маврово, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орќуше, Рибница, Сенце, Сретково, Тануше и Церово.[1]
Население
Според пописот од 2002, општината имала 984 жители, 288 домаќинства и 1831 живеалишта. Најбројно население имал центарот на општината, Маврови Анови.
Полова структура на населението во општина Маврови Анови[2]
Етничка структура на населението во општина Маврови Анови[2]
Јазична структура на населението во општина Маврови Анови[2]
Верска структура на населението во општина Маврови Анови[2]
Културни и природни знаменитости
- Овој список е нецелосен. Можете да помогнете со тоа што ќе го дополните.
Културни знаменитости
Археолошки наоѓалишта[3]
- Динговска Црква — средновековна црква во Богдево;
- Кожа — археолошко наоѓалиште во Врбен;
- Селиште — населба од непознат период, Дуф;
- Јаревиш маало — населба и некропола од непознат период, Дуф;
- Димговска црква — црква од непознат период, Дуф;
- Црквиште — средновековна некропола, Кракорница;
- Ѓоновица — средновековна населба, Леуново;
- Долномаалски гробишта — средновековна црква, Леуново;
- Сув Дол — средновековна црква и некропола, Леуново;
- Шаркоски Рид — средновековна црква и некропола, Маврово;
- Св. Никола — некропола од доцен среден век, Маврово;
- Реџов Гроб — утврдување од средниот век, Сретково;
- Јела — средновековна населба и некропола, Сретково;
- Крстови — средновековна некропола, Сретково;
- Сотка — средновековна некропола, Сретково.
Верски објекти[4]
- Црква „Св. Димитриј“ — Богдево;
- Црква „Св. Никола“ — Бродец;
- Црква „Св. Никола“ — Врбен;
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква на Врбенскиот манастир;
- Врбенски манастир — Врбен;
- Црква „Св. Петка“ — Дуф;
- Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква во Дуф;
- Црква „Св. Варвара“ — Дуф;
- Црква „Св. Варвара“ — Жужње;
- Црква „Св. Никола“ — Кичница;
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — Кракорница;
- Кракорнички манастир — Кракорница;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — Леуново;
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ — Маврови Анови;
- Потопената црква „Св. Никола Летен“ — Маврово;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — Маврово;
- Црква „Св. Пантелејмон“ — Никифорово;
- Црква „Св. Спас“ — Нистрово;
- Џамија — Нистрово;
- Црква „Св.Богородица“ — Сретково;
- Црква „Св.Петка“ — Сретково.
Споменици
- Споменик „Стрелање“ — Леуново;
- Споменик на загинатите работници на хидросистемот „Маврово“ — Маврови Анови.
Природни знаменитости
Водопади
Езера
Реки
- Богдевска Река;
- Бунетска Река;
- Бродечка Река;
- Врбенска Река;
- Кракорничка Река;
- Петтилебиска Река — Никифорово;
- Гинова Река — Никифорово.
Пештери
- Пештера (Л-20) — Волковија;
- Пештер — Маврово;
- Шаркова Дупка — Маврово;
- Голема Пештера — Маврово.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


