Општина Миладиновци
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Миладиновци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Миладиновци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Бујковци и Миладиновци.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Миладиновци останал територијално непроменет. МНО Миладиновци тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Миладиновци бил укинат на сметка на обновениот МНО Бунарџик кој го добил селото Миладиновци, како и на сметка на проширениот МНО Мршевци кој го добил селото Бујковци.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Миладиновци имал 1,103 жители, односно вкупното население на Бујковци и Миладиновци. Од таа бројка, 882 биле Македонци, 58 биле Срби, 29 биле Албанци, 92 биле Роми, 38 биле Турци, 3 биле Црногорци, додека 1 бил Хрват.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads