Општина Мирен-Костањевица

општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Мирен-Костањевицаmap
Remove ads

Општина Мирен-Костањеица (словенечки: Občina Miren - Kostanjevica, италијански: Comune di Merna Castagnevizza) — општина во западна Словенија, на границата со Италија. Сместена е во Горичкиот регион на областа Приморска и во 2020 г. броела 4.977 жители.[1] Седиште на општината е паланката Мирен, сместена во западниот дел на Випавската Долина.[2] Друго поголемо место е селото Костањевица на Крас.

Кратки факти Општина Мирен-Костањевица Občina Miren - Kostanjevica, Земја ...

Историски, ова место е поврзано со соседното место Соводње на Соча (итал. Савоња д’Изонцо), кое останало во Италија со Парискиот мировен договор од февруари 1947 г. Од втората половина на XIX век Мирен е центар на трговијата и лесната индустрија, тесно поврзан со градските подрачја на Горица (Гориција) и Тржич (Монфалконе). Од друга страна, Костањевица на Крас е средиште на поголемо слабонаселено селско подрачје на високата висорамнина Крас. Со реформата од 1994 г. овие две подрачја се здружиле во една општина. Од 1947 г. двете места гравитираат кон конурбацијата Нова Горица-Шемпетер, каде мештаните често доаѓаат.

Кај Мирен има граничен премин кон Италија.

Remove ads

Населени места

Покрај општинското седиште Мирен, општината ги опфаќа и следните населени места:

Познати личности

  • Драго Марушич (1884 - 1964) — политичар, бан на Дравската бановина (1931-34)
  • Станко Вук (1912 - 1944) — поет и антифашистички деец
  • Игор Торкар (1913 - 2004) — писател и политички деец
  • Оскар Когој (р. 1942) — индустриски дизајнер
  • Негован Немец (1947 - 1987) — вајар
  • Деан Комел (р. 1960) — филозоф

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads