Ордана Димовска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ордана Димовска ( 1898 во Канино — 1971 во Канино) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
За време на окупацијата живеела во селото како симпатизер на НОД. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци, престојувале илегалци, се чувало оружје. На l август 1943 година со целото семејство била интернирана, прво била во Брод, а потоа во Бугарија. Во интернација останала до 30 ноември 1943 година. Бугарската полиција го открила присуството на борци во нејзиниот дом и ја блокирале куќата. При пушкарањето меѓу групата борци и бугарската полиција, таа била ранета во главата. По краткото лекување во болница, повторно, со целото семејство била интернирана во Мелник, Пиринска Македонија. Во интернација останала до 30 јули 1944 година. Со враќањето од интернација paбoтела активно до ослободувањето на Земјата.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads