Ориентализам (книга)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптоварени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги интернализирале (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.
- Досега, што се однесува на САД, би било само благо претерување да се изјави дека муслиманите и Арапите се гледаат или како добавувачи на нафта или како потенцијални терористи. Многу малку од деталите, човечката густина, страста на арапско-муслиманскиот живот се навлезени во свеста дури и на оние чија професија е да известуваат за Арапскиот свет. Наместо тоа имаме серија на груби, есенцијализирани карикатури на исламскиот свет претставени на начин што го прават тој свет ранлив за воена агресија[2].

Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманското Царство, под Близок Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads