Ориночки крокодил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ориночкиот крокодил (Crocodylus intermedius) е критично загрозен вид на крокодил кој живее во северниот дел на Јужна Америка, односно реката Ориноко. Просечната големина на ворасна единска изнесува 3 до 4 метри. Најголемиот крокодил од овој вид кој бил уловен во 1800 година наводно бил долг 6,6 метри, меѓутоа оваа информација е непотврдена. Денешните ориночки крокодили се смета дека не надминуваат должина од 4,8 метри[1]. Овој вид на крокодил се препознава по релативно долгата муцка и жолтеникавата кожа со темнокафени пруги.
Remove ads
Особености
Овој вид на крокодил живее во басените на реките Ориноко и Мета во Колумбија и Венецуела. Ориночкиот крокодилот се пари за време на сувиот период од годината, и најчесто 14 недели по парењето женката го гради гнездото. Гнездото е од песочен насип. Периодот на инкубација на јајцата трае околу 3 месеци. Кога излегуваат од јајцата, малите крокодили ја викаат мајката, која доаѓа, ги откопува од гнездото и ги префрла до водата. Мајката се грижи за малите околу една година. Младите крокодили лесно можат да бидат плен на Американскиот црн мршојадец, гуштерите Тегу, анакондата, кајманите и други месојадци.
Remove ads
Заштитен статус
Ориночкиот крокодил е критично загрозен како резултат на прекумерниот лов поради неговата кожа. За време од 1940-тите до 60-тите, илјадници единки биле убиени во мочуриштата на Ориноко и Љанос, така што видот бил доведен на работ од изумирање. Заштитен статус за овие крокодили е воведен во 1970-тите. Денес е заштитен вид и во Венецуела и во Колумбија. Освен ловот поради кожата, како други опасности за овие крокодили се и ловот на малечки крокодили кои потоа се продаваат, загадувањето и предлогот за подигање брана во горниот дел на реката Ориноко.
Не се знае точко колку единки има во дивината, но се проценува дека има помеѓу 250 и 1500 единки. Популацијата во Колумбија е доста мала, со најголемата под-популација која брои 50-тина единки. Најголемата под-популација во Венецуела содржи помалку од 500 возрасни единки. Постојат и голем број на помали под-популации.
Во ноември 2007 година, 50 единки од ориночките крокодили биле чувани во зоолошки градини, од кои најголема популација од 35 единки во аквариумот во Даглас. Во Венецуела, голем број крокодили се чуваат и во установи за размножување. Од 1990-тите, голем број на млади крокодили се пуштени во приватните фарми и во националните паркови во Венецуела. Бидејќи поголемиот број на млади крокодили во дивината умираат пред да станат возрасни единки, 360 крокодили од фармите за размножување се пуштени во дивината откако ќе достигнат големина од 2 метра.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads