Орона

From Wikipedia, the free encyclopedia

Орона
Remove ads

Орона (гилбертански: Orona), претходно познат како Хал Ајланд[1] — атол во Кирибатите. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од околу 3.9 км2. Во средината на атолот има лагуна која е длабока 15 до 20 метри. Лагуната е поврзана со океанот на неколку места, но само низ неколку може да се помине со мал брод. Најголемата точна на атолот е 9 метри надморска височина.[2] Иако низ минатото островот бил населен неколкупати,[2] денес Орона е ненаселен атол.

Thumb
Сателитска снимка на Орона.
Thumb
Карта на Островите Феникс.
Thumb
Поглед кон Орона.
Remove ads

Историја

На атолот Орона можат да се пронајдат докази дека во минатото тој бил населен. Во источниот дел од островот има камено марае, заедно со рушевини од засолништва, гробови и останати структури.[3]

Денес не е познати кој го „открил“ островот, но сепак се знае дека островот бил именуван по Исак Халм на 26 август 1840 година. Кога островот станал дел од независни Кирибати, името и официјално било променето во денешната форма. На 11 јули 1889 година Британците го зазеле островот. Во 1963 година населението било евакуирано поради поплави. Британските и американските тврдења за островот престанале со независноста на државата Кирибати.

Remove ads

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads