Јажар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јажар
Remove ads

Јажар[1][2], ортомар[3][4] или ортомџија[5] — мајстор занаетчија кој произведува јажиња, долги и силни врвки создадени со усукување меѓусебно поврзани нишки. Од јажињата изработувале водила, врзми, огламници, пајвани, папрази, потпашници и др.[5]

Thumb
Јажарски прибор и производи. Музеј Семберија во Бијелиња.

Историја

Во минатото, јажарите биле меѓу водечките занаетчии. Најчесто произведените јажиња биле за употреба во сточарството.[6]

Јажињата порано се правеле исклучиво од природни материјали, коноп, лен и памук, но денес исклучиво од синтетика и пластика. Јажињата тогаш биле сивкави и еднолични, но денес корисниците можат да избираат јажиња во различни бои.[7]

Алатки и прибор

Во својата работа, јажарот користи:

  • суровини од кои се прават јажиња: коноп, лен, пластика...
  • нож, ножици
  • јажарско колце
  • држач прицврстување на нишките
  • кука

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads