Орторомпски кристален систем

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Орторомпски кристален систем — еден од седумте кристални системи во кристалографијата. Ваквите кристални решетки произлегуваат од истегнување на коцкеста решетка долж два од неговите ортогонални пара во различни фактори, добивајќи правоаголна призма со правоаголна основа (a по b) и висина (c), така што a, b и c се различни. Сите три основи се сечат под прави агли (90°), поради што трите решеткени вектори остануваат ортогонални (взаемно нормални).

Remove ads

Бравеови решетки

Thumb
Правоаголни наспроти ромпски единични ќелии за дводимензионалните орторомпски решетки.

Дводимензионални

Во две димензии постојат две орторомпски Бравеови решетки: примитивна правоаголна и центрирана правоаголна.

Повеќе информации Бравеова решетка, Квадратна ...

Примитивната правоаголна решетка може да се опише и како центрирана ромпска единична ќелија, додека пак центрираната правоаголна решетка може да се опише и како примитивна ромпска единична ќелија. Должината на долниот ред не е иста како на горниот. За првиот столб погоре, на вториот ред е еднакво на на првиот ред, а за вториот столб тој е еднаков на половина од тоа.

Тридимензионална

Во три димензии постојат четири орторомпски Бравеови решетки: примитивна, основоцентрирана, телоцентрирана и страноцентрирана.

Повеќе информации Бравеова решетка, Примитивна орторомпска ...
Remove ads

Кристални класи

Подолу се наведени точковните групи кои спаѓаат во овој кристален систем заедно со нивните претставувања според разни записи и примери на такви минерали.[1]

Повеќе информации Бр., Точковна група ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads