Осветленост

From Wikipedia, the free encyclopedia

Осветленост
Remove ads

Во фотометријата, осветленоста (или осветление[1]) е вкупниот светлосен тек врз нешто, по единица површина. Ја изразува јачината на присутната светлина, пондерирана за брановата должина со функцијата за светлосна јачина, а во склад со чувствителноста за блескавост на човечкото око. Слична на неа е светлосната излезност е светлосниот тек по единица површина што го оддава некоја површина.

Thumb
Луксометар за мерење на осветленоста на работното место.

Во изведени SI единици, оваа величина се изразува во лукси (lx) или лумени на квадратен метар (cd·sr·m−2). Во застарениот систем СГС, единица за осветленост е фот, еднаква на 10 000 лукса. За истата намена во фотографијата се среќава и неметричката единица стапка-кандела.[2]

Осветленоста порано се нарекувала блескавост, но ова води до забуна. Блескавоста не е количински подобна за изразување на величини во науката, туку погодна за изразување на психиолошката чувствителност на светлина кај луѓето.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads