Ослободување на Свети Петар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ослободување на Свети Петар ― фрескописна слика на италијанскиот високоренесансен уметник Рафаело Санти.[1] Била насликана во 1514 година како дел од налогот на Рафаело да ги украси со фрески просториите кои сега се познати како Рафаелови одаи (италијански: Stanze di Raffaello), во Апостолскиот дворец во Ватикан. Се наоѓа во Хелиодоровата одаја (Stanza di Eliodoro), која е именувана по Протерувањето на Хелиодор од храмот. Сликата покажува како Свети Петар бил ослободен од затворот на Ирод од ангел, како што е опишано во Дела 12. Тоа е технички надвратник.
Фреската прикажува три сцени во симетрична рамнотежа образувана од преправена архитектура и скали. Во средината, ангелот го буди Петар, а од десната страна го води покрај заспаните стражари. На левата страна еден чувар очигледно ја забележал светлината створена од ангелот и го буди другарот, покажувајќи кон чудесно осветлената ќелија. Ова додава драма на спокојниот излез на Петар од десната страна.
Remove ads
Галерија
Поврзано
- Список на слики од Рафаело Санти
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads