Основна запирка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во математиката и информатиката, основната запирка претставува симбол кој се користи при запишувањето на броеви, со цек да се одвои целобројниот дел (лево од запирката) од дробен дел (десно од запирката). Ова е општ поим што важи за сите бројни основи. При запишувањето на броеви во декадниот систем (со основа 10) основната запирка се нарекува децимална запирка. Во бинарниот систем (со основа 2), таа се нарекува „бинарна запирка“.

Во некои земји, како англојазичните, се користи точка наместо запирка, која може да стои или на основната линија, или во средина.

Remove ads

Примери

  • Децимално (со основа 10): 13,625
Во овој пример 13 е цел број лево од основната запирка, а 625 (т.е. 625/1000) е дробниот дел десно од неа.
  • Бинарно (со основа 2): 1101,101
Бинарниот број 1101,101 ги содржи следниве цифри:
Повеќе информации на основа 2, Бинарна цифра ...

Затоа, неговата декадна вредност ја пресметуваме вака:

Оттука гледаме дека 1101, што се наоѓа лево од основната зпирка, е бинарна претстава на декадниот број 13. Десно од основната запирка стои 101, што е бинарна претстава на декадната дропка 625/1000 (или 5/8).

Remove ads

Поврзано

  • Променлива децимална запирка
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads