Остаток од нова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Остаток на нова — облак составен одматеријал или остаток по ненадејната фузиона еруптивна класична нова, или повеќекратните исфрлања од повторувачката нова. Во текот на нивниот краток живот, обвивките на новата се шират со брзина од околу 1000 км/s,[1] чија бледа магловитост е осветлена од страна на родната ѕвезда преку светлинско ехо набљудувано во сферната обвивка[1] на Новата Персеј 1901[2] или од енергиите кои опстоиле во облаците кои се шират како кај T Компас.[3]

Remove ads

Галерија


Облик

За да постои нова потребно е постоење на двоен ѕвезден систем, од бело џуџе и ѕвезда на главната низа, подџин, или црвен џин, или пак преку спојување на две црвени џуџиња, па така навјверојатно сите ѕвезди треба да се поврзани со двоѕвезди.[4] Ова теориски значи дека овие маглински облици можно е да се под влијание на нивните родни ѕвезди и количеството на материјал исфрлен од новата.[1] Обликот на овие остаточни маглини е од голем интерес за астрофизичарите.[1][4]

Остатоците на новите споредени со остатоци од супернови или планетарните маглини создаваат помалку енергија и имаат помала маса. Може да се набљудуваат низ период од неколку векови.[1] Значајно, забележани се повеќе остатоци на нови кај новите нови, поради подобрената технологија на снимање со помош на CCD и набљудувањата при други бранови должини. Примери за нови кои се придружени од остатоци на нови се:[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads