Остроглава шарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Остроглава шарка или остроглава осојница (науч. Vipera ursinii) — широкораспространета змија од семејството на отровниците (Viperidae) од југоисточна Франција, па сè до Кина (Синѓанг). Во Македонија, се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата[2]. Засега нема признаени подвидови.[3]
Remove ads
Научен назив
Научното име ursinii го носи во чест на италијанскиот природонаучник Антонио Орзини (1788–1870).[4]
Опис
Возрасните единки се долги во просек 40–50 см, иако се најдени и примероци по 63–80 см.[5] Женките се поголеми од мажјаците. Остроглавата шарка е слична на италијанската (V. aspis) и обичната шарка (V. berus), но има забележителни разлики. Ова е најмала отровница во Европа, со дебело тело, тесна глава и груб изглед. Муцката не е извиена нагоре. На главата има неколку големи лушпи (плочки). На грбот има изразено засртени лушпи во само 19 реда, а меѓу нив честопати се забележува темна кожа. По боја змијата е сива, драп или жолтеникава со темна кривулеста пруга на грбот, обрабена со црно.[6]
Remove ads
Распространетост

Покрај Македонија, остроглавата шарка живее во југоисточна Франција, источна Австрија (изумрена), Унгарија, средна Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Романија, јужна Бугарија, Грција, Турција, северозападен Иран, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Русија, Казахстан, Киргистан и степите на источен Узбекистан до (вклучувајќи го) Синѓанг во Кина.
Подвидот Vipera ursini rakosiensis е матичен за Унгарија[7] но неговиот таксономски статус е спорен (вид. „Таксономија“)
Заштитен статус
Оваа змија е заведена како ранлив вид на Црвениот список на МСЗП поради уништувањето на живеалиштата предизвикани од промените во земјоделството и климатските промени во планинските подрачја. Игра улога и нивното собирање во трговијата со миленици.[1]
Покрај тоа, остроглавата шарка е заведена во Прилог I од Конвенцијата за меѓународна трговија со загроезени видови како миленици (CITES) , што значи дека на змијата ѝ се заканува изумирање ако не престане трговијата.[8] Прогласена е за строго заштитен вид (Appendix II) на Бернската конвенција.[9]
Remove ads
Таксономија
Единките покажуваат висок степен на генетска разновидност. Во современата стручна литература се среќаваат барем 6 подвида, иако може впрочем да се работи за повеќе видови:
- V. u. ursinii (Bonaparte, 1835)
- V. u. eriwanensis (A.F. Reuss, 1933)
- V. u. graeca Nilson & Andrén, 1988
- V. u. macrops Méhelÿ, 1911
- V. u. moldavica Nilson, Andrén & Joger, 1993
- V. u. rakosiensis Méhely, 1893
- V. u. renardi Christoph, 1861
Golay et al. (1993) ги признава првите четири, додека пак Mallow et al. (2003) признава пет и ги наведува V. eriwanensis и V. renardi како исправни видови.[5] Меѓутоа, McDiarmid et al. (1999), а со тоа и Обединетиот таксономски информативен систем (ITIS) сметаат дека се потребни поточни податоци за да може да се одреди бројот на подвидови.
Remove ads
Поврзано
- Отровници (потсемејство)
- Список на змии во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads