Отерндорф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отерндорф (германски: Otterndorf; долногермански: Oterndörp) — мал град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на устието на реката Медем, дел од делтата на Елба.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ланд Хаделн.
Стариот дел на градот вклучува бројни фахверк-куќи.
Remove ads
Географија
Местоположба
Отерндорф се наоѓа на северниот брег од Долна Елба, во рамките на округот Куксхафен, во Долна Саксонија, припаѓајќи на историската област Хаделнски крја.
Градски единици
- Отерндорф (гл. место)
- Остеренде Отерндорф
- Вестеренде Отерндорф
Историја
Отерндорф припаѓал на Ланд Хаделн, најпрвин како ексклава на Саксо-Витенберг, а подоцна по поделбата на династијата во 1296 година како дел на Саксо-Лауенбург. Прв пишан доказ за постоењето на градот Отерндорф потекнува од 1261 година во документ напишан од Годефридус, кој бил свештеник. Во 1400 година, Отерндорф ги добил градските права од војводата Ерих IV, војвода на Саксо-Лауенбург.
Припојувања
На 1 август 1929 година самостојните општини Остеренде Отерндорф и Вестеренде Отерндорф биле припоени кон градот.
Движење на населението
1 Податоците од 1929 г. за припоените места: Остеренде Отерндорф (1.280 жит.) и Вестеренде Отерндорф (997 жит.)
2 Резултатите од пописот на 6 јуни
3 Резултатите од пописот на 27 мај
4 податоци на 31 декември
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 20 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 7.001 и 8.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Градоначалник
Градскиот совет го избрал членот на советот Томас Булвинкел (CDU) за градоначалник за претстојниот период.
Збратимени градови
Отерндорф е збратимен со следниве градови:
Шерингам, Велика Британија
Пенцлин, Германија
Стопанство
Денес, Отерндорф е омилено туристичко одредиште. Постојат неколку бањски езера близу плажата, камп-места, бројни апартмани и хостели. Градот е средиште на туризмот во т.н. Куксланд.
Познати луѓе
- Хелмут Фридрикс (1899-1945) ― СС водач, член на Рајхстагот
- Торстен Шрифер (р. 1976) ― германски фудбалски судија
- Андре Хан (born 1990) ― германски фудбалер
Галерија
- Краниххаус
- Улица во градот
- Хадлерхаус
- Латинското училиште
- Мало пристаниште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads