Отоманско-полска војна (1620–1621)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Отоманско-полска војна (1620–1621)
Remove ads

Османлиско-полската војна се водела во периодот од 1620 до 1621 година за контрола над Молдавија. Конфликтот завршил со полско повлекување од Молдавија[1].

Кратки факти Датум, Место ...
Remove ads

Заднина

Кон крајот на 16 век, односите меѓу Османлиското Царство и Полско-литванската Државна Заедница се влошиле. Козаците отворено навлегувале на османлиските територии што дополнително ги влошиле односите бидејќи тие акции биле независни, Козаците делувале од териториите на комонвелтот. Во исто време, Татарите кои живееле под османлиска власт го нападнале комонвелтот.

Во тоа време започнале преговори меѓу двете земји за спречување на нападите од Козаците и Татарите, но овие договори во практика никогаш не биле испочитувани.

Remove ads

Војна

Кон крајот на 16 век и почетокот на 17 век, т.н. магнати од Полско-литванската Државна Заедница интервенирале во Молдавија за зголемување на своите сфери на влијание. Од друга страна Османлиите биле засегнати од постојаните напади на Козаците. Во Европа пак, беснеела Триесетгодишната војна. Полско-литванската Државна Заедница учествувал во војната каде кралот Сигмунт III испратил своја армија на Хабсбуршката монархија во Битката кај Шумене во 1619 година против трансилванскиот кнез Ѓорги I Ракоци, а принцот Габриел Бетлен побарал помош од Осман II. Гаспар Грацијани кој бил владетел на Молдавија ја повикал Полска на помош. Во 1620 година Осман II издвојувал победа во Битката кај Цецора, додека следната 1621 година Османлиите биле поразени во Битката кај Хотин.

Војната завршила со потпишување на договорот од Хотин.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads