Ошерслебен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ошерслебен (германски: Oschersleben) — град во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија.
Remove ads
Географија
Ошерслебен се наоѓа близу реката Боде, 24 километри југозападно од Магдебург во регионот наречен Магдербургер Берде. Реката Боде ја достигнува најсеверната точка надвор од градот. Ошерслебен е најважната железничка станица на железничката линија Магдебург-Халберштат-Тале.
Историја
На 23 ноември 994, Ошерслебен бил првпат споменат во документ од императорот Отон III. Во 1235, бил првпат споменат како град. Во 17. век повеќето делови на Ошерслебен биле уништени во пожар. ВО 1648, бил под доминација на Бранденбург. Ошерслебен станал окружен главен град во 1816 и бил поврзан со железничкиот систем во 1843.
Во годините пред Втората светска војна Ошерслебен се ширел, поради фабриката за авиони (AGO Flugzeugwerke), која била основана тука и биле потребни многу работници. Оваа фабрика била причината поради која Сојузниците го нападнале градот во десет последователни напади.
Во текот на периодот во Германската Демократска Република Ошерслебен бил центар на земјоделството во регионот. Сепак, некои индустриски објекти биле направени тука, на пример сè уште постои производителот на пумби, како и рафинеријата за шеќер, металопреработувачката индустрија, пиварницата, машинската индустрија и дрвната индустрија.
Од 2000, трката Ошерслебен е користен во повеќе натпреварување под капата на Меѓународната автомобилска федерација. Во 2005, трката била преименувана како Motorsport Arena Oschersleben, поради несолвентноста на инвеститорите.
Во 1992, била изградена компанија Agrarfrost за преработка на компири, која произведува пржени компири и чипс.[2] Фабриката произведување околу 140.000 тони компири годишно.[3]
- Кула во Ошерслебен
- Административен објект во Ошерслебен
- Центарот на Ошерслебен
- Црквата „Света Марија“ во Ошерслебен
- Дел од трката „Супер 2000“ во Ошерслебен.
- Фонтана во Ошерслебен.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads