Пад на Галиполе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Падот на Галиполе во рацете на Османлиите се случил во март 1354 година. Византија во текот на околу еден век постојано била поразувана од страна на новата Османлиско Царство. По падот на Никомедија, Византијците ги загубиле речиси сите територии во Анадолија. Пристапот кон Егејско Море и Мраморно Море означувал дека Османлиите веќе можат своите освојувања да ги продолжат кон Пелопонез, Грција и понатаму кон север во Македонија, Србија и Унгарија.
За време на граѓанската војна во Византија (1352-135), турските платеници успевале да навлегуваат во внатрешноста на Тракија, создавајќи свои тврдини. На 2 март 1354 година, областа околу Галиполе била погодена од земјотрес уништувајќи стотици села и градови. Речиси секој објект од градот бил уништен[1]. Ова предизвикало месните жители масовно да го напуштат градот. Така, во рок од еден месец, синот на османлискиот султан Орхан I, Сулејман со околу 3.000 војници се упатиле кон Галиполе и го окупирале.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads