Палеж
чин на намерно предизвикување пожар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Палеж или подметнување пожар — чин на намерно и свесно палење или горење на имот.[1][2] Иако овој чин вообичаено се однесува на градби, поимот може да се однесува и на намерно палење на други предмети, како што се моторни возила, пловила или шуми. Ова кривично дело обично се класифицира како тешко кривично дело, при што случаите што вклучуваат ризик по човечкиот живот или имот повлекуваат построга казна.

Палежот што води до смрт може дополнително да биде процесуиран како убиство од небрежност или убиство. Чест мотив за палеж е измама со осигурувањето. Во такви случаи, лицето го уништува сопствениот имот со палење, а потоа лаже за причината за да наплати од својата осигурителна полиса. Палежот често се врши и за да се прикрие друго кривично дело, како што е убиство или кражба со провала.
Лицето што извршува палеж се нарекува подметнувач, пироман или сериски подметнувач на пожар ако делото е повторено неколкупати. Подметнувачите на пожар обично користат забрзувач (како што се бензин или керозин) за да ги запалат, поттикнат и насочат пожарите, а откривањето и утврдувањето на остатоци од запалива течност е важен дел од истрагите за пожар.[3] Пироманијата е нарушување на контролата на нагоните, кое се одликува со патолошко палење пожар. Меѓутоа, повеќето случаи на палеж не се извршени од пиромани.[4]
Remove ads
Пироманија
Обземеноста од оган и зависноста од палеж се нарекува пироманија. Во крајни случаи, тоа може да биде патолошки пројав на некое душевно заболување. Во некои решени случаи на палеж, сторителите на пожари изненадувачки биле ангажирани од самите пожарникари.
Причини за палеж
Во повеќето случаи, палежот служи како измама со осигурување или за прикривање на некое кривично дело (на пр. грабеж, проневера). Меѓутоа, може да има и други причини, како што се завист, омраза, закани, уцени, конкурентска борба, или социјална, политичка и етничка различност. Во неколку случаи, палежот бил искористен и како т.н. лажно знаме, при што подметнувачот на пожар го искористил пожарот за да го обвини својот непријател и да го искористи бранот на негодување што последователно се подигнал против него.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads