Палеогеографија
Проучување на историската географија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Палеогеографија — наука која се занимава со утврдување на физичко-географските услови на Земјината површина во текот на геолошките периоди.[1] Кога се задржува особено на земјишните облици, се нарекува палеогеоморфологија.

Оваа дисциплина дава клучни информации за голем број полиња. На пример, палеогеографската анализа на таложни сливови игра голема улога во нафтената геологија, со тоа што геоморфолошки средини на Земјината површина во далечното минато се запазени во стратиграфските наоди. Пелогеографите исто така ја изучуваат таложната средина со фосили за да добијат сознанија за еволутивниот развој на изумрените видови. Наодите од оваа гранка помогнале во развојот на теоријата за континентално поместување, а и денес имаат улога во предвидувањето на тектонските движења. Палеогеографијата ни укажува на обликот и местоположбата на суперконтинентите како Пангеја и праисториските океани како Панталаса, овозможувајќи нивна реконструкција.
Remove ads
Поврзано
- Палеоклиматологија — ја изучува климата во далечното минато
- Палеоекологија — односот помеѓу организмите и нивните животна средина во текот на геолошката историја
- Палеонтологија — изучувањето на праисториските животни, често преку фосили
- Палеохидрологија — промените во хидрологијата во текот на геолошката историја.
- Физичка географија
- Тектоника на плочите — поведението на плочите на Земјата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads