Палечна коска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Палечната коска (латински: Radius) е долга коска и заедно со лакотната коска (латински: Ulna) се надоврзуваат на коските на коренот на шаката.
Remove ads
Делови
На палечната коска се разликуваат:
- тело (латински: corpus radii);
- горен крај составен од:
- глава (латински: caput radii), која има вдлабнатина за зглобување со главичката од хумерусот, околу главата се наоѓа кружна зглобна површина за зглобување со коскен засек од лакотната коска;
- врат (латински: colum radii);
- коскена рапавост (латински: tuberositas radii);
- долен крај кој наликува на пресечена четиристрана пирамида, нејзината база претставува зглобна површина за зглобување со коренот на шепата, а на медијалната страна се наоѓа коскен засек за зглобување со улната. Латерално се протега надолу шилест израсток (латински: processus styloideus).
Remove ads
Зглобови
Палечната коска заедно со лакотната коска формираат сложен зглоб (латински: articulatio cubiti) бидејќи се поврзуваат три коски: рамената коска, палечната коска и лакотната коска, така што формираат три зглоба кој функционираат како еден единствен зглоб и во него се вршат движењата на флексија, екстензија, супинација и пронација. Долните краеви на палечната коска заедно со долните краеви на лакотната коска се зглобуваат во долен радиоулнарен зглоб во кој се вршат движења на супинација и пронација.
Remove ads
Кај животните
Кај четириножните животни, товарот од телото паѓа на полупречникот и коските на долниот екстремитет. Градбата е слична кај повеќето копнени животни, но палечната коска може да се спои со лакотната коска и кај некои цицачи (како коњи).
Галерија
- Позиција на палечната коска (црвен дел)
- Глава на палечната коска (предна страна)
- Облик на палечната коска
- Скршеница на главата од палечната коска
- Шилестиот израсток на палечната коска (предна страна)
Надворешни врски
![]() | Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads