Палијак (месечина)

месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia

Палијак (месечина)
Remove ads

Палијак е програден неправилен сателит на Сатурн. Бил откриен од Џон Кавеларс, Брет Гледман, Жан-Марк Пети, Ханс Шол, Метју Холман, Брајан Марсден, Филип Николсон и Џозеф Брнс на почетокот на октомври 2000 година,[6][7][8] и му била дадена привремената ознака S/2000 С 2 .

Кратки факти Откривање, Откривач ...

Името го добил во август 2003 година по фиктивен шаман во книгата „Проклетството на шаманот“ од Мајкл Кусугак, кој на Кавелар му предложил имиња на џинови од Инуитската митологија кои биле користени за да се именуваат другите сатурнски месечини.[9]

Се смета дека Палијак има пречник од околу 22 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 15,2 милиони km за 687 дена. Тој е член на Инуитската група на неправилни сателити. Исто така, тој е во близина со други 9 месечини кои повремено меѓусебе се доближуваат и до десет милји.

Има светло црвена боја, а под инфрацрвена светлина спектарот на Палијак[10] е многу сличен оној на сателитите од Инуитската група Кивиук и Сијарнак, што оди во прилог на тезата Инуитската група можеби има заедничко потекло откако поголемо тело се распаднало.[11]

Thumb
Палијак снимен од КФХТ на 23 септември 2000 година
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads