Пандорини документи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пандорини документи ― 11,9 милиони протечени документи со 2,9 терабајти податоци што Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (МКИН) почнал да ги објавува од 3 октомври 2021 година.[1][2][3] Протечените информации ги откриле тајните офшор сметки на 35 светски лидери, меѓу кои има актуелни и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави, како и преку 100 милијардери, познати личности и деловни луѓе. Новинските организации на МКИН го опишале протекувањето на документите како најобемно разоткривање на финансиска тајна дотогаш, кое содржи документи, слики, е-пошта и табели од 14 компании за финансиски услуги, во држави како Панама, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати,[4][5][4] со што се надминува нивното претходно разоткривање на финансиски тајни во Панамските документи од 2016 година, кои содржеле 11,5 милиони доверливи документи (2,6 терабајти).[6][7][8][9][10] При објавувањето на документите, МКИН истакнал дека не го објавува изворот на документите.[11]
Проценките на МКИН за парите што се чуваат на офшор сметки (надвор од матичната земја) се движат од 5,6 трилиони американски долари до 32 трилиони американски долари.[3][12][13]
Remove ads
Разоткривање
Вкупно, имиња на 35 актуелни и поранешни водачи на држави се појавуваат во протечените документи, заедно со имињата на 400 јавни службеници од скоро 100 земји и преку 100 милијардери.[14] Меѓу имињата се поранешниот британски премиер Тони Блер, чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, поранешниот кениски претседател Ухуру Кенијата, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски, катарскиот емир Тамим бин Хамад ел Тани, премиерот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Рашид ел Мактум, габонскиот претседател Али Бонго Ондимба, либанскиот премиер Наџиб Микати, еквадорскиот претседател Гилермо Ласо, членовите на семејството на поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри, Еквадорецот Хаиме Дуран Барба,[15][16][17] и кипарскиот претседател Никос Анастасијадес.[18][19]
Јорданскиот крал Кралот Абдула II е една од главните личности наведени во документите, кои покажуваат дека инвестирал преку 100 милиони американски долари во имот низ Обединетото Кралство и САД.[20][21][22] Една британска компанија во доминантна сопственост на Шери Блер се испоставило дека купила имот во Лондон вреден 6,45 милиони фунти преку компанија на Британските Девствени Острови. Името на Тони Блер се појавува во изјавата за заеднички приход од хипотеката.[23]
Документите, исто така, откриваат како канцеларии во сопственост на семејството Алиев кое е на чело во Азербејџан за 66 милиони фунти биле продадени на претпријатие во јавна сопственост во 2018 година, со што семејството Алиеви стекнале добивка од 31 милиони фунти.[4] Според Лас Вегас Сан, „Членовите на потесниот круг на пакистанскиот премиер Имран Кан се обвинети дека криеле богатство од милиони долари во тајни компании или трустови“.[24] Блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин, како Светлана Кривоногих и Генадиј Тимченко, било откриено дека имаат тајни средства во Монако, а чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој водел кампања дека ќе се бори против корупцијата и даночното затајување, не изјавил дека употребил офшор инвестициска компанија за купување на осум имоти, како и две вили во Мужин на француската ривиера за 12 милиони фунти.[4][25][26]
Други познати имиња се Шакира која основала нови офшор друштва додека одела на суд за затајување данок; манекенката Клаудија Шифер; Индиски крикет играч Сачин Тендулкар; Индискиот милијардер Анил Амбани; пакистанскиот министер за финансии Шаукат Фајаз Ахмед Тарин, некои од највисоките членови на семејството генерали на Пакистан, извршен директор на Канал 1 Русија Константин Ернст. Наведени се и Мигел Бозе, Пеп Гвардиола и Хулио Иглесијас.[27][28][29][30][31][32]
Remove ads
Извори на податоци
Протечените податоци доаѓаат од 14 офшор даватели на услуги кои им помагаат на клиентите да основаат компании.[33]
Remove ads
Поврзано
- Рајски документи
- Панамски документи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads