Пантеизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пантеизам — филозофско и религиозно учење според кое универзумот и природата се идентични со божественоста или врховниот ентитет познат како Бог.[1] Физичкиот универзум според ова учење се разбира како иманентно божество, кое сè уште се шири и создава и кое постои од почетокот на времето.[2] Терминот пантеист означува личност која смета дека сè претставува единство и дека ова единство е божествено нешто, што се состои од сеопфатен, манифестиран бог или божица.[3][4]
Пантеистичките концепти датираат од пред илјадници години, а пантеистичките елементи се идентификувани во различни религиозни традиции. Терминот пантеизам прв го употребил математичарот Џозеф Рафсон во неговата книга од 1697 година „De Spatio Reali seu Ente Infinito“,[5] и оттогаш се користи за да се опишат верувањата на различни луѓе и организации. Зборот потекнува од грчкиот збор πᾶν (што значи „сè, од сè“) и θεός (што значи „бог, божествено“).
Пантеизмот бил популаризиран во западната култура како теологија и филозофија заснована на делото на филозофот Барух Спиноза од 17 век, поточно, на неговата книга „Етика“.[6] Пантеистички став зазел и филозофот и космолог Џордано Бруно во 16 век.[7]
На Исток, се смета дека Адваита Веданта, школа на хиндуистичката филозофија, е слична на пантеизмот во западната филозофија. Раниот таоизам на Лао-це и Чуанг-це понекогаш се смета за пантеистички, иако е посличен на панентеизмот. Чондоизмот, кој се појавил за време на Чосонската династија во Кореја, и Вон будизмот исто така се сметаат за пантеистички.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads