Пантотенска киселина
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пантотенската киселина, понекогаш означувана и како витамин B5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А (CoA) и е клучен во метаболизмот и синтезата на јаглехидрати, белковини и липиди. По хемиската структура, тој е амид образуван меѓу D-пантоат и бета-аланин. Името на оваа супстанца е изведено од грчкиот збор пантотен (παντόθεν) што значи од секаде, бидејќи мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, и тоа најмногу во житарките, легумите, јајцата и месото. Најчесто се наоѓа во форма на својот алкохолен аналог - провитаминот пантенол и како калциум пантотенат. Пантотенската киселина е составен дел и на ацил носечките белковини.
Remove ads
Дневен внес
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads