Папагалка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папагалка – вид на клешта со променлив отвор на вилиците, поставен под одреден агол во однос на држалките.

Опис
Вообичаено папагалките имаат назабени вилици поставени под агол од 45 до 60 степени во однос на држалките. Долната вилица може да се движи во одреден број позиции со лизгање во делот за таа намена во горната вилица. Предноста на папагалките во однос на стандардната клешта е што истата може да се адаптира на одреден број големини без притоа да се зголеми растојанието меѓу држалките. Оваа клешта често има долги држалки – вообичаено 24 до 30 сантиметри, со што се добива зголемување на ефектот на лост.[1][2][3]
Remove ads
Употреба
Папагалките вообичаено се користат за вртење и држење навртки и завртки, држење неправилно обликувани предмети и стискање материјали.
Историја
Овој дизајн на клешта бил пронајден и популаризиран од Чампион-ДеАрмент тул компани во 1934 година со брендирано име Чанелок [4], а денес ги произведуваат бројни други производители.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads