Папили на главата од пенисот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папили на главата на пенисот — мали испапчувања кои може да се појават на круната на главата на пенисот. Тие се безопасни анатомски варијации. Иако погрешно се мешаат со ХПВ, папилите не се сексуални пренослива зараза и не се инфективни.
![]() | Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Папилите се појавуваат во една или неколку редици во вид на мали бледоцрвенкасти мазни израстоци. Големината може да биде различна, од помалку од 1 мм до 3 мм.[1] Според податоците од 1999, се проценува дека тие се присутни од 8 до 48% од машкото население во светот.[2] Исто така, според истражувањата, се покажало дека тие почесто се појавуваат кај помладите мажи и кај тие кои не се обрежани.[3]
За папилите понекогаш се смета дека се остатоци од пенисните боцки, чувствителни делови на пенисот кај останатите цицачи. Животните кои имаат пенисни боцки имаат подобро сексуално задоволство и побрз оргазам.[4]
Remove ads
Медицинско отстранување
Папилите не се опасни за здравјето на мажот, но сепак некои мажи или нивните партнери може да ги сметаат за неестетски.[5] Има неколку начини за нивно отстранување. Како и секој медицински потфат има опасност за компликации, па советот на лекарите е да не се отстрануваат истите.[1]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads